сонува (гл.) - за (предл.)

Да сонува за живот кој не се случил и ден кој сѐ уште не стигнал...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Не можеме минатото да го избришеме, а да сонуваме за иднината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Кога ќе се сопнеме и паднеме во стапиците на животот да не го заборавиме она што нѐ тера да станеме и да продолжиме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Реа вози „фиќо“, сонува за враќање во вистинската татковина, ги слуша Чак Бери и Пол Енка, „не живее сексуално“: - Маструбацијата е многу подобра.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Заспиваше во зафрленото катче на паркот и сонуваше за сѐ она на што мислеше пред да заспие само со едно око, загледан со другото во разбранетото минато.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Милиони девојки сонуваат за ваква шанса.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој далечен живот, сега, наеднаш, криеше толку многу примамливости за него, што тој веќе почнуваше и да сонува за селото и за сите луѓе во него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сето време, додека ја играа, сонуваа за преврнувањето, а тоа беше првата работа што требаше да се случи, пред да дојде сѐ друго, што тие го сакаа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеби сонуваше за неговата војна на Пацификот, за кибер мините што ги открил, нежно навирајќи во сложените кола со СИПА-та што ја употреби да ја открие патетичната лозинка на Ралфи од чипот закопан во мојата глава.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Само со чисти сонови во чиста Европа Макар што Европа се римува со тропа А некои дури велат дека Европа Им личела на старски дом на историјата И во неа имало пржен воздух преку сите мерки А накај НАТО се одело во јато Освен ако некоја гуска не се загуби по пат Кога се сонувало за Европа и НАТО Не се штедело боја за крвната слика на нацијата Колку подобра крвна слика Толку посилна одбранбена способност
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Заборавениот вагон на заборавениот колосек само можеше да сонува за главниот колосек и за животот што тече по него.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)