сонува (гл.) - да (сврз.)

Сонував да стартувам во некоја трка, но трки со велосипеди во тоа време немаше.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Хирургот Никола или?... Не знаеше дека му готват стапица и се сеќаваше - ја испрати Јана до циганскиот крај на крај на град и шарајќи со очи по разнобојните мали куќички и ги стисна рацете: „Се каеш ли?“ Недалеку од нив голомешесто Циганче со стар, ноќен сад на глава, сонуваше да стане војник.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Се престорува ова небо камен И скриени во него ќе останат очите што сонуваа да го надвишиш!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Од тој момент, сонував да стигнам и јас да јавам коњ, имав мерак што ми остана, што се вели, до старост.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дури, јас и Земанек сонувавме да направиме некаков џез-состав: тој одлично свиреше пијано, а јас саксофон; имаше во гимназијата и едно момче што одлично свиреше контрабас и ние планиравме со него да направиме трио.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ти по сѐ посегнуваш. Ќе те убијам, ти се колнам.“ „Тикво зелена“, ме бутна на сламарникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сонуваш да се ожениш а не знаеш дека таа девојка е ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По бесењето на килавиот Јаков Иконописец (настанот никој не го споменувал, значи секој од нив по малку се чувствувал душман), на тој вчерашен мајстор на смртта, како да живеел во магли на каење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Седел со пушка на коленици и наведнат, некако чудно и длабоко под превезот на свои тајни, што бездруго не можело а да не се поверува дека веќе и не сонува да ѝ стане чауш на дружината ако некогаш некој занес го подбуцнувал кон таква славољубивост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)