сонува (гл.) - дека (сврз.)

Убеден е дека е жртва на некој тамошен волшебник кој му ја продал ќерка си за само 10 долари.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тој и не сонува дека овдешните сили на доброто со танталовски маки успеаја да го повратат кон патот на светлината.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Божем сум сонувал дека плачам и знам оти на сон да плачеш значи дека на јаве ќе се радуваш.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Подоцна кога се разбудил, се запрашал, „Дали сум јас пеперутка која сонува дека е човек?“
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Заклучи дека патуваат на некое друго место.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
10. Еден Кинез (раскажува Гуанг Зи) сонил дека е пеперутка.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Имено, тој, Акиноскиот, што молел на Молитвена вода, сонувал дека во дворот нивни, на Акиновци, изникнало едно дрво, круша, сето начичкано со грлести круши; некои луѓе, кои тој не можел да ги распознае во сонот, така било запишано во тефтерот, влегле од Северна порта и ги исчукале крушите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
„Ниту сум сонувала дека постои место како ова во Идн Парк“, рече Рози.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Му се радував, го слушав, се согласував да крадам по бавчите со него и не сонував дека е тој најарниот ученик од школата на злосторниците во овој врел прашен град исткаен како стара черга од тесни улици, од плашливи куќарки, од џамии и од два бронзени коњаника пред стариот камен мост, двајца црвеникави кралеви: Петар - татко, и Александар - син.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Земанек сонуваше дека еден ден ќе се збогати, дека ќе добие многу пари на некоја игра на среќа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Со ноќи потем сонував дека таа неизвесност ја платил со глава; го мислев, господин судија, не дека не сум го мислела; го сонував како паѓа од тој проклет трапез, од огромна височина и како си го крши вратот; се будев во пот и плачев; подоцна, многу подоцна, дури и го посакував, како жена што посакува маж; имаше ноќи во кои посакував да се спакувам и да заминам (оти Партијата, како и секоја партија, пропадна како брод од хартија), но секогаш брзо се соземав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ноќе сонуваше дека нивниот балкон станал прекрасно, шарено градинче, а пак таа ги вади мирисните цвеќиња и се радува на нив, на пеперугите и пчелките.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Значи сум сонувал дека не гледам, вели, и излегува дека она што го сонувам е јаве, вели, а ова што е вистина е сон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Претпоставувам, кога Шакира била мала, играла и пеела, сонувајќи дека еден ден ќе биде славна пејачка и танчерка. Го постигнала тоа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Било што Еднаш одамна додека (ако било така) спиев во интернатот сонував дека имам во црна кутија совршен алат.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И еве сега, во својот егзил, запрен на првата етапа, за која никогаш не сонуваше дека ќе биде прва и последна, веројатно како втора етапа требаше да биде патот кон Франција, Америка или Турција, тој се најде во кафезот на својата библиотека да се пресметува со турцизмите?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сонував дека овде ќе се вратам, да ги побарам вистинските книги, книгите кои му се потребни на Балканот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
ВЕРА: Навистина е чудно: јас сонував дека некој го затворил во шкаф за облека, а кога почнаа да го отклучуваат и да го тресат шкафот, тој самиот дотрча со калауз, страшно сериозен, и помагаше во отклучувањето, а кога најпосле отклучија, се виде дека таму виси само еден фрак. Необично, нели?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Реално ли е да се сонува дека Хунзите Можат да им позајмат на Македонците Барем по еден принц и принцеза За да може и во обесцарена Македонија Да заврзе благородничката лоза И на Македонците веќе да не им течат лиги Што секаде во соседството се вратиле кралчињата и царчињата А само тие останале со празни раце Тоест со претседатели премиери и државници од друг вид?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тој не можеше ни да сонува дека ќе му се случи ова што тој сега сака да ви го раскаже.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меморија: страв - расказ – Од ден- на- ден сѐ повеќе стрепам: овде сум, а по којзнае кој пат сонувам дека никогаш нема да бидам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Сонував дека по една тешка војна сум се расположил токму на оној чардак над каминот; изгледа бев именуван за некаков војсководач или болјарин, а турските паши доаѓаа, ми се поклонуваа и ме трупаа со скапоцени подароци“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие луѓе иако сонуваат дека главата им е негде високо, како врвот на Килиманџаро, и се занесуваат дека нивната глава ги надвишува сите други, не забележуваат дека така им се причинува само поради оној бел облак што вечно е присутен на високиот врв.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мајсторот читаше – „Вие понудивте пред мене нов простор, за кој ни не сонував дека постои.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
„Еден сон што го сонував. Сонував дека сѐ ќе заврши, и еден глас што вели дека сѐ е готово; не некаков глас на кој би можел да се присетам, туку онака, глас, и ми вели како тука на земјата сѐ ќе застане.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се сврте бавно кон прозорецот и иако таму немаше никого тој сепак некому му се насмевна: - Како дете често сонував дека се давам во бочва со мед.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ана го дочекува во спалната, во креветот. – Сонував дека се борам за тебе – му шепоти, додека тој силно ја бакнува по бледото лице.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Дебелата собирачка наотпадоци на плажата е сосема отсутна небаре сонува дека ќе и се случи нешто многу важно и нешто многу нежно нешто што не мириса на носталгична криза.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Всушност, не ми го откорна перницата носот, туку белиот ѕид - додека сонував дека на еден црвен стол безгрижно возам по празни улици.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сестрата тој ден ми го откорна фластерот од чело, ми го тргна стариот завој натежнат од крв и во носот ми стави некакви си тампони, ми го покри со нов, чист завој и ме опреми за да можам да се шетам низ дворчето со нова перница на лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Полуглува и суетна, не сакаше да си стави апаратче за уши, велејќи дека сите си вообразуваат дека е глува поради тоа што е стара.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прво сонував дека тетка ми пеглала и дека пеглата случајно ѝ паднала врз мојот стомак; јас сум се обидувал да ја кренам, но таа никако не се мрдала и само ме гмечела и ме горела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тука сонувам дека ми ја сечат ногата, тука дека повторно ми ја враќаат назад.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И сега не знам дали сум се разбудила или само сонувам дека сум будна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сонувам дека паѓаат бомби, ама на некоја друга планина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Маја 1. Сонував дека ми паднаа трепките. Многу ми тежеа.
„Омајнина“ од Афродита Николова (2010)
И Али Бен Али сонува дека дреме - тој е најголемиот спанко во Јемен.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Никој жив Хуареза не го скорнува, од бунарот на соништата ни сто кофи не го вадат, и тој, како и Пурам од Бомбај, сонува дека е на спанковска олимпијада.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Третиот ден Ј сонуваше дека е бебе облечено во пижами за возрасна жена, што сонува дека е возрасна жена облечена во бебешки пижами.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Никогаш не ни сонував дека ќе се запишам токму на оваа струка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)