состави (гл.) - листа (имн.)

Камилски гледајќи ја со својот благ поглед, кој бараше разбирање од својата сопруга кога беа во прашање книгите и кое секогаш безрезервно го добиваше, ѝ рече дека со Татко се на прав пат да ја состават листата на стоте најопасни турцизми, започнувајќи од денес со разгледување на десетте најопасни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Рабле, којшто говореше повеќе европски јазици, но и грчки, латински, дури и хебрејски, своите гротескни романи Гаргантуа и Пантагруел, ги прошара со безброј нови зборови, привлечни неологизми, состави листа на бизарни јадења на времето, не заборавајќи ги и имињата на класичните јадења.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски дури со зборови и солзи ги убедуваше сопругата и децата дека се токму пред крајот на мисијата, им преостануваат уште две работни средби, а потоа сосем лесно ќе ја состават листата на (без)опасните балкански турцизми, со што ќе биде означен и крајот на нивната работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да продолжеше францускиот јазик (уште некодифициран, помеѓу латинскиот и класичниот јазик) да го следи зборотворниот гениј на Рабле, а не патот на академизмот што ќе го следи во наредните векови, тој ќе беше еден од најбогатите јазици во светот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Госпоѓа Камилска, сепак, беше смирена и спокојна што нејзиниот сопруг по враќањето од Голи Оток беше конечно смирен во еден подолг период во мирната и утешна работа со Татко, стравувајќи што ќе биде подоцна со него кога ќе заврши со работата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)