состави (гл.) - со (предл.)

Човекот е привлечен од тоа единство со цел да се состави со него, да се соедини со својот сопствен извор, од каде што црпи енергија и напојувајќи се, повторно се упатува кон местото каде што треба да ја потроши добиената енергија – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Само другиот говореше, некако чудно, со секогаш покажани заби. Горната усна како да не можеше да се состави со долната.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И кога го составив со мозаикот, кога целото стана Едно, и кога се укажа целата слика на царевата ќерка под колената мои (оти на колена клечев додека чинев невидливото да стане видливо), сфатив дека сум пајак средето на своето завршено дело, дека ме заробила целината, завршеното, дека самиот сум центар на сочинението од рацете мои, дека сам сум се затворил, сум се заѕидал во тоа чудно здание, храм пајажинест.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така станале имињата Србин и Хрват народни од племенски, така се присоединиле механички кон нивните носители соседните племиња со своите наречја и составиле со нив еден народ, постепено асимилирајќи се со своите покорувачи или присоединувачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И ден за ден, еден ден не ставија, нѐ составија со Јона, долу кај мостон, кај вренгијана жванска.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сигурна сум дека од оној пат, кај камењата, не сум се составила со Никифор. Не сум легнала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)