соѕида (гл.) - куќа (имн.)

Дамческите веднаш прифатија но побараа да им биде допуштено тука, каде што им се подигнати колибите, да си соѕидаат куќа, а тој, Мусли бег, ако сака да работат за него, да им додели земја што самите тие ќе ја обработуваат и да издвои добиток и друга живина што само тие ќе ги одгледуваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И не се запре само на тоа. Зашто болеста на Видана му беше таква, да не може да работи во полето, и покрај противењето на општинарите од Тополчани, во согласност со жителите на Потковицата, го постави за падар, да го чува нивниот синор.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
... Откако Бандо ја соѕида куќата што му ја сруши езерото, пак почнаа да го возбудуваат и да го мачат лоши соништа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Затоа Акиноските го имаа како свој, како брат на Петара, и затоа му допуштија, кога се ожени, да соѕида куќа на Имотот, но и за да му помага на Амета во водењето на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но Ангеле си тераше по свое - ништо не работеше и само шаки правеше.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ја соѕида куќата до некаде, а од брат му Тане стигна писмо.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Поговорките за штедењето кажуваат дека луѓето од секогаш штеделе, чувале за утре, за задутре, за црни времиња, како што се вели, и штедењето им било начин да преживеат да соѕидаат куќа, да купат парче земја, да остават нешто за своите синови и внуци.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А кога жителите на Потковицата гледајќи во враќањето на Видана можност колку-толку да ги окајат своите гревови направени спрема мајка му и спрема сиот сој Јанчески, оставија на него, тој да реши што ќе направи со Видана, Крсте, уште и пред Акиноските да го донесат Видана, му соѕида куќа во Јасики, а кога Акиноските, во пролетта 1939-та го донесоа Видана, му издвои една крава, десетина овци, нива и ливада од своите и им нареди на жените тие да се грижат за Видановото домаќинство; да го перат Видана, да му готват и да му го вратат домазлакот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)