спаси (гл.) - глава (имн.)

И покрај именувањето за социјалистички судија, тој мошне добро ја знаеше тежината на новата позиција, останувајќи крупна ѕверка која талкала по повеќе балкански дивини и на која, еднаш засекогаш, требаше да ѝ се постави вистинската стапица, од која не ќе може да си ја спаси главата!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
— Е, море, така, така. Како сте нашле вие за мунасип, така нека биде, — одговори Трајко и си помисли во себе „море лели и спасиме главите, другото сето налет нека биде!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Селаните се поиздишија кога Трајко им соопшти дека се слободни, но да гледаат позарана да си идат в село оти падна ли мракот — аскерот ќе стрела на секого било да влегува, било да излегува од село.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Под дождот куршуми и гранати сите бегаа, се криеја да спасат глава и зад себе го слушаа болниот, ужасно исплашениот, молежливиот и проколнувачки глас на Лина.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој никако не се приспособи во својот живот на ниту една идеолошка линија, ниту на времето на национал-фашистичката, од која бегајќи со семејството спаси глава, ниту на комунистичката линија на земјата, каде што го продолжи животот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе изумев и неколку важни податоци: апостолскиот легат беше истеран од земјата, спаси глава во последен момент, ама не спасија уште двајца виновни бискупи кои беа стрелани, покрај многу други католички свештеници...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Арамии, клети, вражји сили, гламна ќе сте од удар на гром.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На Моби Дик низ мориња јавал, пиратите офкале од страв: „Да бегаме, да спасиме глава, нас нѐ гони со меч Пупи Паф!“
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За конец ја спасил главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој веднаш побрза, фаќајќи се за околите лизгави гранки, да ја спаси главата, заборавајќи на старецот, што го испушти од раце.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еднаш, на млади години татко ми спасил глава со еден таков златен наполеон кога една странска војска за време Големата војна го затворила поради немирењето со новиот окупаторски режим.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
- Главно, ја спаси главата. Можеби има предавство - продолжи комесарот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Бошко беше задоволен што како-така си ја спаси главата, иако насетуваше дека нешто не е во ред и еден час подоцна, кога се најде на ридот над селото, знаеше што беше она што му го рече Најдо коџабашијата: спасот го плати прескапо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тогаш вујна Клементина ѝ ја кажуваше италијанската лаичка поговорка според која „за да се спаси главата, треба да се најде патот кој води низ темнините!“
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стариот Теки Руси, префект во Прмет, со несигурна власт во Лесковик, тогаш гледал само како да се спаси главата, а не како да се спаси душата на ќерката Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Само првин да спасите глава, а потоа книгите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)