спаси (гл.) - живот (имн.)

— И не дочека Толе да си ја каже вистината дека, му се каснува и нему пиленце како што е таа, му се фрли на вратот и почна да го бакнува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Валијата и пашата испратија големи потери по бегалците и не знаејќи кој е нивниот војвода, ќе почнат да се распрашуваат кај бабите по селата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Оваа, уплашена од Толевото ортомче, мораше да бара средства да го спаси животот, но знаејќи дека кај Толета нема аманзаман, прибегна кон тоа средство најмногу што дејствува кај машките.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеби ќе ѝ го спасеа животот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Си велев, родители, а што друго ќе направат ако не да го спасат животот на своето чедо какво и да е.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како можат илјада зборови да спасат живот?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Славко се наведнува, куршумот проаѓа над него, и културно му се заблагодарува на Мирко затоа што му го спасил животот.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ева беше таа што ѝ го спаси животот и ја оттргна острата секира од нејзиното стебло.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како да се нарече додворување на пример подметнувањето на својот грб па дури и на сопствената глава со намера да се спаси животот на другарот, па нека станува збор и за највисок раководител?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И што ќе означеше таквото додворување?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во една од почетните сцени, додека безделно си ги средува ноктите со турпијка, Роза Молин (во чија улога е Бети Дејвис) во својата голема и удобна куќа слегува по едни скали и со тој кисел извик му смрчува на љубовно грижливиот и изнапатен сопруг – чесниот, посветен и вреден лекар (кого го игра Џозеф Котен), кој си доаѓа дома по непроспиена и емотивно исцрпувачка ноќ што ја минал во очајничка и јуначка борба да му го спаси животот на еден пациент.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Преведувањето сигурно му го спаси животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тие што ги беше бранел, без да знае кои беа, и кои ќе бидат по војната, всушност му го спасија животот во времето на комунизмот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ако духовните маки, болното сознание или спомените се толку разорувачки што се едноставно неподносливи и човек може да им подлегне – тогаш, на тој начин исплашена, природата посегнува по лудилото, како последно средство кое може да го спаси животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Духот, кој е толку измачуван, ја кине нишката во своето помнење, празнините ги исполнува со измислици и така, бегајќи од болката која ги надминува неговите сили, спасот го бара во лудилото, а тоа е како кога ногата, зафатена од гангрена, се отсекува и се заменува со дрвена нога.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Заминуваат од своите домови, заминуваат засекогаш - си ги прибрале најнужните нешта во една или две торби, и заминуваат за да си го спасат животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Се сетив на Бјелоусов“, вели татко ти. „Оној, што ми го спаси животот“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Претстави си сам: ни испратиле младич на кого Ѓорче му го спасил животот и кој на светов го има само него - Ѓорчета. Свинштина.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во таквите ситуации се случува луѓето да се жртвуваат себеси за да го спасат животот на другите и за да ја одбранат својата претстава за високите морални и хумани вредност, оние кои ја покажуваат смислата на човековото постоење и важноста на потрагата по таа смисла за секое човечко суштество; - Некои раскази доживеаја јазична и стилска редакција затоа што, овој пат, се потрудив да вклучам преведувачи кои направија изворен превод или редакција на преводот според оригиналот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ни ги спаси животите, на разминување со смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се исплаши Дукле, викна доктор и едвај ѝ го спаси животот на Кала.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)