спаси (гл.) - семејство (имн.)

Го сожалуваа што не беше во состојба да купи најобична коза за да го спаси семејството!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чекоревме крај Езерото, потем крај реката Дрим, во градот Струга, како среќно, спасено семејство, а можеше лесно да се случи, доколку не се преземеше ризикот на историското бегство, во овој ист светнат ден, да чекоревме како несреќно семејство, упатено во логор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Својата книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите ,ја пишуваше Татко со својот живот, до неговите последни дни, како дел од својата постојана стратегија во својот живот - како да се спаси семејството, децата, во меандрите на непредвидливата балканска историја, како еден вид отворен аманет како и каде да се продолжи неговата историја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше можеби амбасадорот којшто го замислуваше баба оти еден ден ќе го спаси семејството, ќе го врати на родната грутка, ќе биде амбасадорот на враќањето, а не на новото заминување каков што станував јас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко имаше среќа во вистинскиот миг да го спаси семејството од сталинизмот во родната Албанија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мојот татко можеше својот живот и животот на семејството да го насочи кон еден од конјунктурните јазици за да го изведе на пат или да го спаси семејството: тоа можеше да биде, албанскиот, македонскиот, францускиот или турскиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Смета дека е тоа најдобриот начин за да им помогне на своите, за да се „спаси семејството”.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Не може да се тврди, но по сè изгледа Орце на некој начин успеал да го спаси семејството на директорот на Банката.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)