спие (гл.) - мој (прид.)

Лежевме на големиот кревет на кој некогаш спиеја моите родители, и гледавме една во друга.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Сега на креветите на кои спиеја моите деца, спијат некои офицери,“ рече Роза она попладне кога се досели во домот во кој живеевме Паулина, Марие и јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Клара раскажуваше за синовите на својот брат, кажуваше како малите Густави, кои и натаму ги викаше „мали“ иако веќе беа возрасни мажи, ја посетувале во Гнездо, раскажуваше за нивните сопруги и деца: „Кога доаѓаат со своите деца, ми се чини дека цел свет доаѓа таму – некое тукушто прозборело, на некое му никнал заб, трето паднало и си го раскрварило коленото, четврто научило да лета змејови, па седиме цело попладне во паркот и гледаме кон небото,“ рече, и погледна низ прозорецот кон небото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)