спие (гл.) - надвор (прил.)

Тогаш, до пред десетина и повеќе години, во лето, и додека сè уште не беа раштркани по градиштата и низ светот, жителите на Потковицата излегуваа да спијат надвор, во дворовите, под отворено небо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
(Брзо му приоѓа на Михајло, го фаќа за уво.) Излегувај да спиеш надвор! Како куче! Марш надвор! (Михајло излегува.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Мајките уште од раното ќе ги постелеа рогузините, ќе ги навечераа децата и ќе ги полегнеа еднододруго, а тие, дечиштата, до грло покриени со ложниците, до долго во ноќта не заспиваа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Баш нема да ве пуштам. Вие војници сте или баби? Спијте надвор - ене ви клупи.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)