спие (гл.) - или (сврз.)

Сигурно уште спијат или не се дома. Ќе се јавам подоцна, заклучи Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Небричен си или си остарел, лошо си спиел или си огрдел? Ти ли си, не ли си?
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Стрелците и измеќарите се повлекле со утрената светлост, да спијат или да пијат и да го исчекуваат умирањето на побунетиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И пак стрелал со своите четири пушки стискајќи секакви крпи врз раната и со матно сеќавање на мајчините прикаски за араратски осаменик што со своја крв поел некаква земја што можела да се протега и во Библијата и во Коранот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Стана време кога децата мирно спијат или сонуваат најубави соништа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едвај чекав да стигнеме дома за да спијам или да се затворам во тоалетот кога сите ќе заспијат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)