споменува (гл.) - во (предл.)

И машко и женско, и мало и големо, и христијанско и турско, христијаните крстејќи се и во истото време изговарајќи Господ да го дочува во живот Лазора, а Турците, на чело со Тахир бег Јаузоски, кој и заборави да го прошетува Мурата, Ај анасана, ај џган, уште од раното се купчат на портите, на срецело пред дуќаните Акиноски и на чешмата, на бунарите, во дворот и на чардакот Акиноски и само за тоа зборуваат: минатата сабота токму во време пладнина, нивните мажи, главите на сојовите, се нашле таму во Прилеп, на Али Чаир, за со свои очи да се уверат во силата Лазорова, и за потоа со свои очи да го видат нештото кое тука, на лице место и пред сета насобрана народија, ќе му го прекинеш животот на човекот, а кое не го стори тоа, не го однесе на оној свет, само затоа што е Лазор голем и силен како никој друг на земјава, па ножот и куршумите, кога влегле во месото негово удриле на коските и тука се запреле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ѓурчин имал некој пријател поп, (можеби тоа бил поп Пулиз од кого Ѓурчин откупувал к`шли (пасишта) и кого што го споменува во својата автобиографија, кој живеел во Солунското Поле и имал убава ќерка.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само четиринаесет дена изминаа отакко главните на сојовите од Потковицата го потпишаа писмото со кое од султанот бараат да им издаде одобрение за ѕидање црква, општина и училиште, ѝ само седум дена откако му го предадоа на Мустафа ефенди, прилепскиот кајмакам, за тој преку Битола и Солун да го препрати таму, во Стамбола, но и едниот и другиот ден, оној во кој го потпишаа писмото, неделата на Свети 40 Маченици, и оној во кој го предадоа, првата сабота по Свети 40 Маченици, заедно со писмото и заедно со надежите, желбите и намерите содржани во него, никој не ги ни споменува во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Прв пат се споменуваат во една историја како страшни терористи во областа на Делхи, 1290 година, па понатаму сé до уцврстувањето на англиските колонизатори, во првите децении на минатиот век.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Името на протиница почна сè повеќе да се споменува во гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Виртуелните машини ги споменува во следниот контекст: ‘човек сум или машина?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
171 Обиколниците водат кон средиштето (...) Најстарите лавиринти што се споменуваат во европската литература се оние во Египет и на Крит.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Како уметник Арчимболди првпат се споменува во врска со сликите врз стакло во Катедралата во Милано (1549) на кои работел заедно со својот татко Биаго. 1562-та триесет и петгодишниот Арчимболди му служи на царот Фердинанд I.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
„Мислиш на Билга Планина?“, реков јас. „За тоа Никола споменува во последните две страници од спомените.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој истакнува дека „Овој човек не е во Истанбул, но ми е познат неговиот привремен престој“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој контекст тој истакнува дека името што се споменува во коресподеницијата сигурно е „Ванчо Михајлов, бугарско- македонски терористички лидер“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Тој го отвори, го прочита и виде во што е работата: – Каде се овие луѓе што се споменуваат во писмото? – го праша Мехмед везирот што му го даде писмото. – Во затворот – кусо му одговори овој. – Нареди да дојдат пред мене – беше уште покуса наредбата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Доста му беше што му го дотера поп Јакова, а другите водачи што се споменуваат во царскиот ферман загинале во борбите или се обесиле како што направија поп Пејо и Петко Горго.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Затоа тој му го остави писмото на еден од везирите што ги бркаше царските работи и му кажаа дека луѓето што се споменуваат во писмото му се предадени на мудурот во затворот; кога ќе се врати султанот таму да ги бараат. Co тоа тој си ја исполни својата задача и по два дена си ги собра сејмените и се врати во Прилеп.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакав да му објаснам дека Бреза е тажна што нема кој да ѝ носи чоколади, а мајка ми постојано го споменува во разговорите со татко ми и криѓум од нас плаче.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)