спомне (гл.) - во (предл.)

Причината за да се постапи вака изгледа се должела на нормите на оној ваш чуден морал од воените години“ спомна во разговорот Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели со грдо лице е славјето па и прозрачноста што ни се лелее пред очите! Ха, ха, ха!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа сум спремен да признаам дека сожалувањето што го спомнав во врска со мешето на генералската ќерка има не само неодреден дури и чуден вкус туку е наросено и со еден посебен вид горчливо задоволство.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи кога спомнувам леснотија што се лелее всушност мислам на лелеењето на нашето задоволство откако ќе наиде грдата вест.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И повторно, не избегна да додаде дека нешто такво му имал загатнато Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште безброј вакви значења би можел да спомнам во врска со допирите после сериозните недоразбирања кај вљубените, му велам на Пачев и се обидувам да го откријам неговиот заклучок во врска со моите објаснувања).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Допири на телата!? Всушност посоответно би било да речам: двете корита од реката што ги раздвоила некогаш некоја пречка повторно се враќаат во едно корито.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сонцето потајум се затскрива под стреата на старото училиште во Алепо.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Ќе отпочине, дали новото разорување на Алепо некој некогаш ќе го спомне во наставата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)