спомнува (гл.) - дека (сврз.)

Освен што Нико пишува многу поединости, покрај другото и во врска со случајот на стариот со паштерката во Цариград кога вели ’Тој ги посрамотил сите наши чесни домаќини’, па и она што е познато во врска со неговата Ерменка и односите со неговата законита жена во Маказар, тој во новиве страници што ги најдов спомнува дека Никола, по убиството, бил фрлен скраја во гробиштата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се спомнува дека Коста, откако ја оштетил газијапроводната цевка, се вратил во градот и фрлил една бомба пред “Гранд-хотел“, но изгледа без да предизвика штета.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во дипломатските извештаи, првин накратко а подоцна опширно, се опишува ситуацијата во Солун на 28, 29 и 30 април но никаде не се спомнува дека на 1 мај имало експлозии.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Додека влегуваше во собата беше како оние сосема нечујни облаци што залажуваат дека ништо не кријат, ништо не носат, но кога наближи и се истури на мене престорувајќи се речен брзак, и кога потоа ме зафати во врелата матица, богами го загубив здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И да не спомнувам дека сета нејзина разголеност беше запалена и посрмена од онаа одвај видлива трепетлива светлина од газјена ламба!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Она што не му успеа нему и на неговата Пена кога одеа на посета во тесното подрумче, како да му успеа на синот на Борис Биџов, сосема попатно спомнувајќи дека за последен ден работи таму, си нашол место, амалско, во тутуновиот комбинат, а тоа беше доволно Пелагија тоа да го прифати како идеја.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
А да не спомнувам дека сенката до тебе и не беше само привид туку Елена, Твојата Лена што јаваше на атот по распеаниот макадам на ослободениот град!? (Чудесен дар на сончевата неисцрпност).
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Адолфина, паулина, марие и роза - сал една би била вишок во драмата на чехов а сите се отпишани од тефтерот на брат им зигмунд фројд отла и кажува на адолфина дека ги довеле во логорот во терезин и дека е најдобро тука да останат што подолго отла и кажува на адолфина дека храната е еднолична, катаден супа од леќа а попатно и спомнува дека има брат по име франц кафка адолфина веќе почна во себе да го портретира кафка мачејќи се во шеширот да му ја смести ергенската несреќа - во бараката на трудниците несреќата има друго име во предвечерјето на смртта и без месечина јасно се гледа дека црното млеко не е поетска измислица под црно сонце во црна темница четирите сестри на зигмунд фројд спокојно го чекаат црниот воз кон невратот рано в зори и не го забележаа брат им зигмунд како нервозно се тртка лево-десно на перонот пред да си ја испрска совеста во ѓолчето од сестрински солзи.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Патем спомнува дека никој нема исковано златен прстен од 'рѓа иако 'рѓата е надарена со потребната боја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Колку што е познато само во еден од манифестите Поетот спомнува дека во неговото кнежество нема место за желбите и заповедите на Владарот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Навистина, во една книга на Анатол Франс се спомнува дека врагот искушавал некој свештеник со мирисот на резедата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во единаесеттата година од Тембун, врагот, преправен во еден брат од дружината на свети Ксавиер, доплови преку широкото море во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)