спојува (гл.) - во (предл.)

Текстовите се распарчуваат и се спојуваат во нови, фрапантни мисловни содржини.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Курзивно писмо Во оваа форма карактерите се спојуваат во низа заоблени, течни потези, со што се постигнува леснотија и брзина на пишувањето.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Машинските додатоци затоа му носат нов квалитет во смисла на способност на раширена перцепција.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Низ неговиот перформанс, се чини, како Jean Baudrillard да ја развивал својата мисла за приклученоста на телото и за протетскиот сензибилитет; Stelarc е со 100 и повеќе метри кабел приклучен на различни апаратури, исто така електронските додатоци го спојуваат во нова, да ја наречеме франкенштајновска целина, неговото, со додаток на трета електронска рака крајно артифицелно тело.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Споените алиња, ги спојуваа во слога и љубов и нивните дедовци и татковци, баби и мајки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Од неа ми остана нејзиниот последен килим, темносин, како бојата на индигото, истата онаа боја што секоја вечер ја има на небото по зајдисонце, кога океанот крај Гоа и вселената над него се спојуваат во едно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Врз тоа индиго Миру имаше исткаено многу ѕвезди, птици и шарени цвеќиња, па кога ќе седнам на него, ми се чини дека летам со килимот и дека можам да стигнам каде што ќе посакам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
7. И РИБАТА КРИЛА ИМА, НО НЕ МОЖЕ ДА ЛЕТА - зашто сино море и сино небо не е исто, сепак, сал дождот ги спојува во едно тие два света, но кој него, вода што тече, го смета за лепак...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Додека сојот од татко му и сојот од мајка му се спојуваа во еден меѓусој, што беше тој и ништо повеќе и ништо особено.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
не се тетерават, не се залетуваат нагло напред, ниту нагло застануваат; избегнуваат секое ризично одење прилагодувајќи му се на патот; не скокаат преку бразди и дупки, туку ги заобиколуваат; кога зборуваат - зборуваат, кратко, полека, одмерено, сакаат секој збор да им биде на место; задоволство е да ги слушаш: секој збор им е нагласен и се спојува во убав ритам, музика;
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)