спушта (гл.) - завеса (имн.)

Антица ги затвора прозорците, ги спушта завесите и го намалува светлото до минимум.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Не облекувај туѓи чевли Никогаш не излегувам ноќе, но често навечер, кога ги спуштам завесите, погледот ми се дига нагоре и повторно ми лупа срцето кога ќе ги здогледам истите стари ѕвезди што сјаеа и порано.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во еден друг град маркизот ги спушта завесите и се соблекува.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ја спуштам завесата и таа одново ме одделува од светот во кој, поттикот во мене што не згаснал сосем, ме тера повторно да чекорам.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Само ги спуштам завесите. Не гледам во небото, да не ме излажат ѕвездите. Па да залутам.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)