спушта (гл.) - поглед (имн.)

А Марин Крусиќ? И Марина Крусиќ го виде рибарот токму вака: како од брегот, час-два откога заврши третата попладневна муслиманска молитва, го спушта погледот од тапа тага врз него во чунот, меѓу петнаесеттината чунови што се подготвуваа со мрежите да завеслаат на езеро.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Пискулиев го спушта погледот долу, очекува, но копитата пак тешко тропнуваат по бетонот и стражарот ништо не му вели, иако - нема сомнение - сакаше баш тоа да му го каже.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)