спушта (гл.) - над (предл.)

Понекогаш Мил низ прозорците ја гледа борбата на ветровите што често се собираат над селото да се бијат; се бијат, Северецот и Југот, Источникот и Западецот, а во таа борба понекогаш се замешуваат и помалите ветрови и почнува еден општ метеж, хаос; час еден ветер зема превласт, час друг; во таа жолчност се кршат дрвјата, паѓаат ќерамиди од куќите, се рушат оџаци, пукаат прозорците, летаат снопови 'ржаница, паперка; се откорнуваат фиданки, младици се витлаат, лисја сламки, пеплишта; фиукат ветровите, урликаат како дивина, се витлаат по земјата, се креваат нагоре, фаќаат широк простор кон небото, и пак се спуштаат над селото и над брегот раскинувајќи го и чадот од дувалото во таа нивна борба.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Авионите еден по друг се спуштаа над колоната и ја опсипуваа со митралески рафали...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Во убаво време пареата се крева нагоре и се губи во небото, а во матно, дождливо време, пареата се спушта над селото, налегнува по дворовите, куќите, и им го гнети на луѓето во носот својот смрдеж.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Занесено се спуштал над керамидите, облетувал околу куќите, се вртел и превртувал како највешт гулаб.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не му се спиеше, а ноќта бргу се спушташе над долината, донесувајќи засилен ветер и дожд.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)