спушта (гл.) - по (предл.)

Пладне свиткано под старата козирка. Испотените соништа се спуштаат по акробатските скали кон светилникот снемоштен од стари бури.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Многу често се бањаавме и во вировите од рекичката до која од куќата се спуштавме по тесниот пат за некои си дестина минути.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Така на пример супстанцата во која е содржана суштината на човековиот дух се наоѓа во еден столб што допира до темето, горе, се спушта по 'рбетот надолу и кај коренот на гениталиите свртува нагоре до стомакот некаде зад папокот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
VII Игуменот на манастирот уште од рано утро нестрпливо се врткаше пред дворната порта и гледаше кон патот што се спушташе по планинската падина кон Манастирското Поле.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Жолто сидро, сина риба – со такви чудни месечини живееме Силвија Плат штиците крцкаат неподносливо крцкаат под тежината на одот мек рефлекторот со модра боја ги прелива пукнатините на левиот образ на животот на десниот образ на животот истекува остатокот од модрата боја на рефлекторот сенките се качуваат по левата страна на завесата и се спуштаат по десната страна на завесата на средината од сцената нашите усти нè голтаат со сласт што освојува публиката аплаудира безмилосно аплаудира безмилосно публиката безмилосно публиката аплаудира од другата страна на завесата во гледалиштето започнува долго очекуваната претстава
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Сега се спуштаа по една бескрајна удолничава шума. Стеблата, како сеништа, се подаваа од врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако ветувате, тогаш вака. Во сиот обид и напрегање да наслушнам на што точно ме потсетува звукот кој постојано доаѓаше во мојата канцеларија преку цевките на парното греење, кои протегајќи се низ целата зграда, се спуштаа по ѕидот, близу до моето работно биро, си направив многу интересни и необично инвентивни претпоставки.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И оној тогаш водел ајдамаци со калпаци од мечкина кожа, ги качувал и ги спуштал по ќорави беспатици и ги избегнувал населбите, ги избегнувал и местата на кои кесарови копја и стрели господареле над животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто станал челник на дружината, зошто не ѝ рекол на игуменијата дека пред сто или пред илјада години тој самиот, неговото срце или неговиот разум во некој друг, водел кон магли исто вакви тврдоглави човечишта и ги оставил коските под врлежи зашто без престан се судрувал со алчност и со безумност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Партизаните на ДАГ се спуштаа по стрмните планински удолници и густите шуми и на приодите пред градот паднаа во минските полиња и беа пречекани со урагански митралески и автоматски оган.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тоа диво и разлутено му се спушта по патот, а ние со Васета викаме и се дереме: - Уааа! Држете го крадецот! Уааа!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
При распитот што инспекторот го извршил во гостилницата Црвен рид, а во врска со посетата на М. Ѓурев на гостилницата, беше наведено: Гостилничарот изјави дека тој лично бил на џамлакот и го следел доаѓањето на градскиот човек М. Ѓурев уште од моментот кога тој се појавил на ритчето, значи уште пред да почне да се спушта по патеката покрај редицата тополи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Еднаш кога Мил остана цела ноќ во лабораторијата и не дојде на спиење, Богуле го заобиколи коритото со вода што му го стави мајка му, и низ прозорецот кој беше заборавен да се затвори со рајберот однадвор, започна да се спушта по јаболкницата, но се слизна на влажните гранки и падна.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)