сретне (гл.) - еден (зам.)

Кај ќе ме сретне едно исто ми повторува: полошо е ако не земеш, полошо е ако не земеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Утрото сретнавме еден овчар и тој ни кажа дека војниците си заминале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На мањатскиот мост сретнавме една група жени од селото, а меѓу нив и една тетка моја, сестра на татка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)