сретне (гл.) - секаков (зам.)

Во домот можеше да се сретне секаков свет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еднаш реков: минатото не постои за ништо друго освен да поттикнува разговори и спомени.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во нив се продаваат стари книги и сѐ што е антика во литературата и тоа на разни јазици, па човек може ненадејно да сретне секакви раритети.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А времето навистина беше веќе отворено и можеше да го листаш како оној албум со слики на братучедата Роза, и, разлистувајќи ги страниците, ако гледаш внимателно, ќе сретнеш секакви лица: и насмеани, и зачудени, и несеќидневни, и обични; само расплаканите не ги спомнувам бидејќи секој си ги брише очите пред да застане пред фотографскиот апарат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)