сретнува (гл.) - во (предл.)

Во времето кога и обајцата беа на маргините на новата држава, во која бавно и тешко фаќаа корен научните, образовните и културните институции, обајцата нескротливи идеалисти, но надарени со длабока и изворна хуманост, која ретко се сретнува во тие времиња, пресечени во залетот од бирократизираните и кариеристички ориентирани млади кадри, со партиски амин, тие си ја доградуваа нивната нова среќна балканвавилонска тврдина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Го гледаме Увото-шпион во три форми: долу лево дворјаните се сретнуваат во една “cor- tile” во типично натегната перспектива.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најстарите податоци за Македонија се сретнуваат во Илијадата на Хомер каде се спомнати реката Вардар (Аксиос), Пајонците, областите Пиерија, Ематија итн.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Лудата марта, ветриште со кое уште еднаш се сретнувам во својот живот, удира во мојот мантил со боја на мувлив тутун и се обидува да ме крене, да ме скрши од стебло или од камен. Не може.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Не знам, но тоа се сретнува во многу ваши филмови...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Обата става често се сретнуваат во современите расправи за сé помногубројните иновативни текстови.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но нивните мисли најчесто се сретнуваа во заедничка цел.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Истата закана која постои и во Татарската пустина на Дино Бузати и која ја сретнуваме во други дела за автократските режими...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Бев многу возбудена кога го читав овој роман, кој сведочи не само за големината на еден писател, туку и уште за една благородност, за една голема душа која малку се сретнува во нашето време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Евгениј Попов - автор сé уште надежен, но веќе далеку од млад.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се сретнува во: повеќе современи руски антологии, различни весници и списанија, во изборот на “Кратка руска алтернативна проза” што се појави минатата година во издание на “Темплум”...
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)