става (гл.) - рака (имн.)

Старичката се подигна на прсти и, ставајќи рака на уста, му шепна на уво: - Моча, моча во постела...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа е фер плеј, беше мотото на нивната шизофренична другарка Шајчевска, која ставаше рака во оган за да ги одбрани ауспусите.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тоа доаѓаше до израз дури и во движењето со кое ја ставаше раката в џеб, или ја вртеше цигарата меѓу прстите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се качував, полека, скала по скала, и кога ќе дојдев до највисоката греда, ја ставав раката над очите и гледав кон креветот, но секогаш скалата божем ќе се занишаше и јас јурнав надолу, од другата страна на скалата; потем повторно се качував, повторно гледав, но повторно нозете ми јурнуваа надолу, и ништо не виѓавав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ништо лошо не ви чинам, аман, аман, не ви чинам! (го пушта куферчето на миндерот и ги става рацете во џебовите).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си ги ставам рацете на газот и излегувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покриј се – буви, откриј се – муви. (Се крсти. Ја става раката на чело.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го зема за рака Андреја и му ја става раката од една страна на колачот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Момчето настојуваше да ги успокои со тоа што им ги ставаше рацете на рамениците и благо ги протресуваше, една по друга.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со своите долги, темни раце што брзо се движеа тој садеше, натапкуваше и прицврстуваше, сечеше, подрежуваше, со црното лице секогаш свртено кон земјата, со очите секогаш вперени во она што го работеше, кои никогаш не ги подигаше кон небото, и никогаш не гледаше во мене, па дури ни во Мама, освен ако не клекневме крај него, чувствувајќи како влажната земја ни продира низ панталоните кај колената и ги стававме рацете во црната нечистотија, не гледајќи во сјајното, лудо небо.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)