стави (гл.) - некој (зам.)

Јурејќи, се сретнуваш со смртта. Слушаш некое од децата во сонот, во тихата, глува ноќ, вриснува како да му ставил некој нож под грло.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Што дека е насликан!? - Стави некое дрво во печката! - вели Митко.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Признавам, дека во таа силина на поривот, помислив дека, најпосле, можеби на главниот резервоар ќе се стави некоја спомен табла со моето име. Би било ред.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Животот ми имаше покажано дека секогаш кога ќе му ставев некоја забелешка, тоа тешко го доживуваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ќе си ставиш некој магарешки трн под главата и ќе си легнеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)