стави (гл.) - глава (имн.)

Му ја ставија главата на еден труп и му ја пресекоа со секира.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Круме никогаш не ги коментираше овие работи, но една дождлива вечер, кога се враќавме од Прифатниот центар со папка материјали што ни ја подготви Илона, застана со волвото на една лединка крај патот, го изгасна моторот, ја стави главата на воланот, и за себе, едвај чујно изусти: “Ние не сме веќе иследители.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Застана крај првата улична чешма и ја стави главата под студениот шумен млаз.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Бојана го припи своето тело до Александар, го погали по образот и му ја стави главата на нејзиното рамо.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ќе ми ја стави главата во скутот и јас ќе му правам патци, што се вели, ќе му ја одгрнувам косата и ќе го требам, ќе го чистам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И земјата можеше да испука од возбуда.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ене го проклетникот. Тој сам ќе си ја стави главата на тепсија пред Калпаковата тајфа.“ „Тој не е сам. Погледни, оној со него е...“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Големата мома беше и уморна, само што ја стави главата на бовчата - заспа. И внучињата на Петра зафрчија со носињата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Лежев будна цела ноќ, и ги замислував нејзините ноќи, се обидував да ги слушнам тие ноќи затоа што мракот го голта она што може да биде видено, и ги слушав криковите кои ја распаруваат темнината, ги слушав оние кои се осудени да бидат затворени со своето лудило и да го мешаат со туѓото лудило: некој глас ги довикува своите деца, некој глас кажува дека гори, дека пламенот го зафаќа телото, го слушав и зарипнатиот глас на една жена која повторува како го убила својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Легна до мене на креветот, ја стави главата на перницата што ја имаше земено од мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сите ме убедуваа дека тоа ми е понудено како заслуга, и дека ќе ми биде подобро.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Претходната вечер еден наш раководител и стар партизан, малку се оддалечил од штабот што беше сместен покрај реката до џамијата, па го фатиле балистите и му ја ставиле главата во вода, толку колку устата да му се наполни и побегнале.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа мајка му го закла петелот што го имаше ветено за да му ја стави главата во гробот на Илко како курбан - за да не повлече со себе некој друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Жена му на Мил одвај чекаше да го земе господ, да ѝ се тргне од пред очи, да се спаси од него; му имаше приготвено и покров за умирање и риза со која ќе му ги врзе вилиците да не му зјапи устата и петел што ќе го заколе и ќе му ја стави главата во гробот како курбан за да не повлече друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И уште не ставена главата на перница, заспивам, се предавам. И сонувам некои бразди, некои води што ги навраќам и одвраќам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)