стави (гл.) - над (предл.)

И тогаш, за време на една целосна тишина, прекинувана само од тупкањето на задната нога на ловџиското куче, кое се бореше со некоја пакосна болва, Сем нежно и внимателно ја врза својата гитара преку седлото и ја стави над кабаницата и капутот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стави над огништето котленце со вода. Се нагрна со една черга и полека, држејќи се за ѕидот, за да не падне, излезе од колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Секако дека знаете за трубадурите. Енциклопедиите велат дека биле во процут меѓу единаесеттиот и тринаесеттиот век.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Значи, тебе Јорданка, ти умрел мажот ти? - ѝ се обрати на тетка Јорданка којашто ја поднеместуваше фотографијата на дедо ми ставена над телевизорот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На пример уште кога се разбра дека народот треба да се готви за востание, тој стави над својата воденица едно високо дрво и на него сноп слама.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)