стане (гл.) - овој (зам.)

И откако се убеди дека Толета го нема, почна стенкајќи да зборува: — А бре, што стана овој, бре синко? Што беше овој работа?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со месеци веќе, се сети сега, месеци што му се чинеа како векови, а сепак поминуваа некако бргу, неговото секојдневние и секојноќие станаа овој чекор низ студот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)