стане (гл.) - она (зам.)

Тогаш знаеше, само навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Сѐ беше напишано, само требаше долу да се стави потписот; беше оставена само една празна линија, и доволно беше човек само да го начкрта своето име, па да стане она „јас“ од почетокот на текстот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но колку и лагата и вистината да ги видоизмениле своите ликови, колку и да се извртиле поради упорноста на лажговците и слабоста на вистинољубивите, сепак тие никогаш не можат да станат она другото.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште одамна, уште од кога станало она со Руса нивна, со `Рслан бег и со Јована Дамчески...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш знаеше, навечер, кога свеста ќе му се замрачеше од селската црешова ракија, дека ќе стане она што мора да стане.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе се повлечеа во своите соби ако не станеше она што стана двапати пред тоа: по третпат гласно `рзнување се пропна на задни нозе како пред скок и удри во прерано испукнатиот таван. „Тоа чув“ , им рече непобеднички додека тие молчеа онемени од морничавост.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)