стане (гл.) - таков (зам.)

Нели само со него, и со никој друг, стана таква работа во дворот!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Затоа, смирен во својата тага поради нивното неразбирање, се помоли пред Агрипа (чие срце исто така омекна побргу од срцата на неговите браќа) сите да станат такви како него, Павле, не робови на својата суета, туку слободни во својата вера, слободни по дух, без окови на рацете.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Големите дела не се создадени како големи, тие станале такви.”
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Сега имав доволно листови да му покажам на Александар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа тој ме завика стаклено топче и навистина се прашувам да не станав такво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Славој Жижек ТРИЕСЕТ И И ДЕВЕТТЕ СКАЛИЛА Бидејќи „39 скалила” бил снимен според познатиот роман на John Buchan, сценаристи­те под раководство на Хичкок неговата содржина толку успешно ја преправиле, што ликовите и доживувањата од Хичкоковата верзија станале такви, што во современата „популарна култура” го добиле така да се рече „архетипскиот”, митски статус и со тоа станале извор за непрегледното мноштво на варијации и плагијати; меѓутоа, самиот роман, ако денес го разгледуваме, делува наивно и застарено - нешто како груб материјал на кој што дури Хичкок му го дал дефинитивниот облик.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога се разделивме, газев со чекорите на Пенча, решен да станам таков каков што беше тој - голем и слободен.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)