стане (гл.) - ти (зам.)

Кога јас ќе станев ти веќе тргнуваше на работа среден, дотеран во костум и вратоврска, со испиено прво утринско кафе.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
15. КАКО ТИ Е ПОСЛАНО, ТАКА СИ И ЛЕГНИ - а утредента ако видиш поинаку си станал ти ноќните соништа за виновни ги стегни, а не само на леглото да му најдеш мана...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Стани ти, да седнам јас, вели, и ајде преку очи...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Некој треба да тргне, да им го земе столот. Стани ти да седнам јас. И празната окопа треба некој да ја зафати.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)