стане (гл.) - ајдут (имн.)

Имено, токму тогаш, токму таа година се случи одново да заживее ајдутството во Прилеп, во сета Пелагонија и во сета Македонија, ајдути се појавија и во гората во Потковицата и во Чипиговски Мртвици, па врз Јанческите, со право падна сомнение дека тие го испратиле Бошета да стане ајдутин, а сами станале ајдутски јатаци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не бегам дури таму, вели Лазор, овдека ќе станам ајдутин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го позастана малку коњот и виде дека Трајко ги задржа Турците, му ја пушти уздата и го потера полека нагоре, дочекувајќи ги другарите по него, и како секогаш што правеше, си ја викна својата мила песна: Не плачи, мајко, не жалај, мори, Оти ќе станам ајдутин...
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Во последното издишување се сети дека и син му Велјан е во тие што одеа по него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Додава, а во душата жали што нема да излезе како што си науми, да го убие Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, а потоа, ако успее да побегне, добро, ќе стане ајдутин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако успеам да побегнам, добро, ќе станам ајдутин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)