стане (гл.) - директор (имн.)

Ја оставив банката и се преселив во Скопје, каде што станав директор за Јужна Србија, Косово и Метохија на позната француска фирма „La national“ Овој задатак да ти напишам нешто за семејството и татко ми Копе ми дојде добро за да се размрдам.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Стана директор и еднаш, само што го замолив да вработи една женичка, ме честеа „Бајадера“, за вработувањето.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По крајот на студирањето женската провинцијалка гледа да се упика за имотен „скопјанец” и по 10 години да се прогласи за стара скопјанка, а машкиот провинцијалец го наоѓа својот роднината од својот роден крај, односно „стариот скопјанец” кој пред 20 години се населил од село во Скопје, но преку дудлање станал директор или шеф у некоја државна институција.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Сељаците станаа директори и буџетари па наместо да ораат ниви, сисаат од државна цицка.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Стана директор на една компанија која требаше да реализира еден американски проект на помош во контролата и утврдувањето на стандарди во производство на храна во балканските земји во транзиција по падот на комунизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)