стане (гл.) - заборав (имн.)

Не можеше да се скамени, да стане сурово молчење во себе, зашто ако сакаше да го убие својот бог ќе мораше да го стрела своето небо, тоа црно пространство под татарски голото теме, ќе мораше да го уништи разумот, сеќавањето, а оддалеку, од едно време оставено зад грбот, му се клештеа призраци - Оче Симеоне, не откажувај се од себе или удави се во буре со ракија и стани заборав.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И кога веќе сѐ ќе стане заборав, пепел во човечка черупка во која во исто време се населуваат нови чуда, ќе остане само сеќавање за писмото на Рубина Фаин и прашање какво било и какво е, ако е сѐ уште живо, она јапонско дрво кое е и пак не е тајна за денешниот човек.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)