стане (гл.) - пријател (имн.)

Овој експеримент е изведен 1953. година под супервизија на познатиот научник Хемфри Осмонд (Humpfry Osmond) кој подоцна ќе стане пријател со Хаксли.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Има што да видам, двете мои колешки од факултет кои најмногу ме мразеа и кои се чувствуваа конкурентни тукушто му станале пријателки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Од каков материјал треба да биде направен тунелот, низ кој врват третото и првото, за да ја издржи јачината на експлозијата што ќе се случи кога ќе се допрат доброто и злото, по ден... зашто ноќе, во мракот, нема да се препознаат, па ќе станат пријатели и оди и познај кој е кој.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Никогаш, дури ни на взаемните велигденски и бајрамски посети не ја споменувале војната, време во кое тие се запознале, по секавичната жестока омраза да станат пријатели.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Не плаши се, ти велам, ќе станете пријатели!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Слични сме. Ти си сам и јас сум сам.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Сакам да те видам, да ти станам пријател.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Меѓутоа, се случило на втор ден Божик да бидат близнаци, црномуресто машко и девојченце со руси коси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Селските ломотливци шепотеле сешто, се кикотеле и се крстеле, но треварите станале пријатели, браќа со иста љубов кон малечките - машкото Пандило, женското Панделка ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
ЌЕРДОСА - земе за жена; добие; заработи, постигна успех КНОКА КАША - посна каша КОЛАЈ (РАБОТА) - лесна работа; нема проблем КОНУШТИСАЛЕ - разговарале, станале пријатели; другарувале КОЏАМИТИ - крупен, голем КУЉАВ - (Куљав да кројам) - наметка со капа за главата КУМЕНЏИЈА - златар, кујунџија ЛАКРДИЈА - збор, приказна МАРИВЕТ - умеење, вештина, знаење да се направи нешто МАСЛААТИ - разговори, прикажувања МАФЕЗ - сина памучна ткаенина, платно МЕВЌЕМЕ - затвор МЕЗЛИЧ - совет, народно собрание МЕЗЛИЧ АГАЛАРИ - совет од аги; совет на агите МЕМЛЕЌЕТ - држава, земја; роден крај, место, град; татковина МУВЛЕТ - рок, срок (Ви давам мувлет три дена).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ЌЕ ВЕ ПОТСЕТАМ, добри мои, на една мошне позната народна приказна во која се прикажува како мечката и човекот станале пријатели.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Еднаш ми даде нафта за горење и макарони. Станавме пријатели. Многу добар човек.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)