стане (гл.) - сојузник (имн.)

Танаскоица, за која тој знае дека знае што ѝ е на момата, како да стана сојузник со Пелагија, не ја отвораше така често својата уста, а кога ќе беше притисната од грлениот глас на Танаско како од надојдена река, таа само проломотуваше Ки дое ред, ки са виде!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сами меѓу себе се издаваа, кога мислеа дека ќе им станам сојузник за да бидат посилни кога напаѓаат некого кој во моментот ги нервира. Се чудев на нивната несвесност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Македонците станаа сојузници на Србите и со тоа се ослободија од Византијците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)