стане (гл.) - стварност (имн.)

Всушност, заклучи авторот, Митко Кривашија воопшто и не беше комунист туку само наивен човек кој важеше за добар и чесен, за кого практично непостоечката и неостварлива правда беше идеал од којшто тој не можеше да се откаже и истовремено беше уверен дека само комунистичката доктрина би била способна правдата како што тој ја замислуваше да стане стварност на секојдневието.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Меѓутоа, за волја на вистината, мора да се признае дека на водачот Сталин му припадна заслугата сонот на великиот Ленин да стане стварност.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го земавме во комбинација со „гинипралот“ што го добивавме венозно, преку инфузија која во телото ни течеше непрекинато, па заедно со лекарите се обидувавме по новата метода да докажеме дека невозможното ќе стане стварност.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но архитектурата можеби (кога сонот ќе стане стварност), ќе зачне една потполно нова низа од промени во уметностите, со помош на прилагодливите средства кои сега сѐ уште ни се непознати.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Колку убавини да се среќаваат во Париз, сепак, кога се слуша за неговите идни развојни концепции, кои треба да станат стварност по триесетина години, кај секого оживува своевидна заинтересираност, зашто се смета дека во периферните длови на овој град ќе изникне нешто екстравагантно, нешто единствено, зашто се знае дека тоа се случува во најубавиот град на светот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Мојот сон,како овие солзи без престан невидливо што ги леам, сигурна сум, еден ден ќе стане стварност.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)