стане (гл.) - фрагмент (имн.)

Ви ја испраќам фотокопираната страница со неколкуте редови на кои веднаш помислив откако прочитав за тоа како тишината ги обединувала вашите родители: Еден маж и една жена во поодминати години седат еден крај друг во тишина, квечерум пред нивната куќа: и кај едниот и кај другиот, секој збор кој излегува од нив, секој чин што го создава нивниот збор е покриен со тишина; тие, обајцата самите станале фрагмент на тишината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)