стане (гл.) - вистински (прид.)

Уште во четвртокот намеси погачи, искуба три четири кокошки, наполни кутии со маст, сирење и одвај дочека да пеат првите петли за да ја напушти омразената Брлева куќурка и да стане вистинска жена на саканиот и славен арамбаша Толе-паша.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но...). (...) Куќите што ги изнајмивме во Провинстаун, Масачусетс, за неколку дена станаа вистинска кочина, и тоа најмногу поради тоа што сите ВЦ-а беа блокирани - изгледа дека тоа секогаш се случуваше кога Велветите беа во близина - така сите почнаа да трчаат низ собите со раце полни со гомна фрлајќи ги низ прозорецот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На обвивката се наоѓаше голема налепница во облик на банана, што можеше да се излупи. (Првобитната идеја беше да ставам серијал од пластична хирургија, па ги пратив Малиот Џо и неговиот пријател Денис во медицинскиот архив да ми набаават фотографии од операција на нос, гради, задник, и останато - и тие се вратија со цел куп материјали.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
- Да, - одговори тој по куса пауза. Татко ми и порано многу малку зборуваше, но сега зборовите кај него беа станале вистинска реткост.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не малку има рисјани што со ова или со она, и со султански берат на крајот, станале вистински домаќини и поданици на Падишахот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Малку по малку и Тодора стана вистински газда на чифликот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Му велам: ’Немој да се плашиш. Во домов Господов ти велам, Севишниот ќе ни дарува мислост’. ‚Не се плашам, татко’, ми вели.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го гледам моето седуманаесетогодишно дете и ми се стори како преку ноќ да порасна и да стана вистински маж, испотен и задишан, непрекинато ги носи предметите во подземната просторија и ги засолнува.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Соколе Ефрутоски, Стојче Иваноски, Мирчески, Ставрески, некојси Каменоски, Огненоски, некоја Слободанка, една се викаше Добрила, потоа Виолета Донеска, - сите тие станаа вистински никаквеци.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И така, мили мои пријатели, овој исклучителен континуитет на егзистенцијата, на Езерото му овозможи да стане вистинска жива Атлантида, прибежиште и ветена земја на скапоцени живи суштества на старата терцијална фауна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
А зар не се случува токму судбината што се одбегнува да стане вистинската!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко стана вистински заробеник на оваа повеќезначна мисла на белогардејскиот руски научник кого, сигурно спасувајќи се од сталинистичките логори во Сибир, среќата го донесе крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)