стане (гл.) - доминантен (прид.)

Меѓутоа, двајцата директори, „после одредени сплетки, игри и манипулации“ успеваат да се стекнат со 54% од уделите3 и на тој начин да станат доминантни сопственици и управители на новото претпријатие.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Мотивите што во извесна мера веќе беа присутни во големите војни од почетокот на дваесеттиот век, сега станаа доминантни и свесно се признаваат и според нив се постапува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Дел од приказната на Костадиновска е и начинот на приватизација на фирмата,2 нешто после што многу работи почнуваат да се одвиваат во непожелна насока за работниците.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во најдобрите времиња на фирмата, додека сѐ уште беше во општествена сопственост, таа броеше и до 50-на вработени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од причини што настаните на Балканот во текот на целата 1943 година се нашле во средиштето на интересот на американскиот печат и го привлекле вниманието на американската јавност, уредниците на месечното илиустрирано списание "Слободен свет" (Free World), кое било застапник на демократијата, на своите страници отстапило посебно место за разјаснување на новите револуционерни тенденции што се појавиле во одделни земји со започнувањето на Втората светска војна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Голем број американски независни уредници, и покрај своите политички убедувања и погледи, според добиените информации од разни извори, согледувале дека на Балканот се случуваат настани во кои учестуваат фактори кои по војната ќе станат доминантни во уредувањето на балканските држави.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)