стане (гл.) - здодевен (прид.)

Причувувајќи се да не искаже и друга слабост, изблик на неконтролирана лутина, Мурад III одмавна со рака, а со тоа на сите во одајата им даде на знаење дека старецот му станал здодевен и дека може да си оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лагите на лимарот Петар станаа здодевни и еднолични, изгубија смисла и врска.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Страчката и мачката се меркаа така уште некое време и, сигурно затоа што на страчката играта ѝ стана здодевна, летна во гранките губејќи му се од погледот на авторот, а мачката разочарано постоја така на гранката и полека се повлече во круната на дрвото.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сликата што си ја замислив во мене создаде желба барем за миг да станам здодевен новинар што на бабичката ќе ѝ направи интервју од само едно прашање.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)