стане (гл.) - мил (прид.)

Во некој празничен ден луѓето, и постари и помлади, ќе се соберат некаде во некоја куќа или на сретсело и, како обично, ќе заприкажуваат, ќе им тргне разговорот и во еден момент кога заборавиле на сѐ што ги делело и на сите караници поради браздата, волот или нивата, ќе станат мили еден на друг и ќе почнат да се сеќаваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Ни стана мил, близок и доверлив. Затоа решивме тебе да ти се јавиме, да ти се исповедаме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По едно време ја смени тактиката, а тоа Петрета уште повеќе го преплаши: стана мека, стана мила.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)