стане (гл.) - нов (прид.)

Сите овие луѓе на кои партијата им беше ветила блескава иднина, само да слезат од планините – за да станат нова класа, работничка класа, силна, челична, виорна, примерна, бестрашна, непобедлива – да ѝ зададат смртоносен удар на победената класа, на нејзините остатоци.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко беше подготвен да му се препушти на денот во кој, конечно, требаше да стане нов социјалистички судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И лагата не е лага, ако не стане нова вистина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Групите како The Spin Doctors, Four Non Blondes или Stone Temple Pilots станаа нови синоними за инстант успех, едновремено останувајќи во лажната трка за освојување на “алтернативната” круна.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Беше подготвен да го слуша цела ноќ, но во кажувањето на вујко Али Фети имаше цела стратегија Татко да се придобие да се приклучи кон семејната традиција да стане нов кадија во Република Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Длабоко во себе тој можеше да се согласи со новата власт: за што ги растура куќите, имотите, семејствата, па одново ги обединува во нови не­природни врски, заедници, а преостанатите планинци, кои нема од што да ги раздели освен од козите, ги тера да слезат во градовите и прекуноќ да станат нова класа.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Али Фети ја допушуваше последната пура.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас станав новата мета иако ни првата не беше доработена, тој наизменично сакаше да игра со двете, а Лима непречено ги губеше нервите и ја јадеше самодовербата кога тој ќе се свртеше со своите игриви очи кон мене.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)