стане (гл.) - прв (прид.)

И така Уцена стана прв англиски и прв Хичкоков звучен филм. - Во кинотеките постојат две верзии на Уцена, нема и звучна.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како деца, тие седеа пред телевизорот и научија како да го вклучат, да се приклучат и да го исклучат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Оној што му објавува војна на она што е „природно“ не е во позиција да ги оплакува неприродните „општествено прифатени стандарди за убавина“; ако телото е само РАМКА што чека да биде наполнета со нови податоци“, кој било сет е еднакво добар.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Маргина 37 33 Mark Dery во Escape Velocity заклучува: „Со должна почит спрема политички разложната рето­ри­ка за злото на митот на убавината, Орлан во своето дело се обидува да го сокрие не толку тајниот сон: да стане првата celebrity на постхуманистич­киот уметнички свет“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Син на Игит-паша бег, кој стана првиот управител на Скопје, откако Тимур-таш паша и Мехмед-баба го зазедоа Скопје за слава на царувањето на победникот Бајазит-хан.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
По војната во Битола се доселија цели деведесет илјади главно селани, приближно колку што имаше во турско кога таму живееле неколку илјади турски офицери со своите семејства, до или во времто кога Милтон Манаки во Париз купи камера, се врати во Битола и стана првиот граѓанин на Македонија кој ја крена раката пред Неговото Величество султанот на Отоманската империја Рашид и му нареди: „Застанете Височество„“ Неговото височество му се потчини на битолскиот фотограф и така во историјата на уште долго непостоечката македонска кинематографија и на Балканот беше втемелен првиот документарен филм.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Американците кои беа на возраст од три до пет години околу 1950 станаа првите припадници на примитивната електронска култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)