стане (гл.) - приватен (прид.)

Имено, самиот услов во законот според кој се обештетуваат само оние кои работеле во претпријатија со доминантно државна сопственост (чл. 2 ст. 1 ал. 1), а се исклучуваат оние кои работеле 111 Закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година; Сл. весник на РМ, 87/2008. 112 Закон за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година; Службен весник на РМ, 33/2014. 112 во претпријатија во приватна сопственост (тука спаѓаат и оние кои практично цел свој работен век работеле во јавни претпријатија, а за време на процесот на транзиција/приватизација истите тие претпријатија преку ноќ станале приватни) е противуставен и се коси со чл. 9 ст. 2 од УРМ според кој „Граѓаните пред Уставот и законите се еднакви“ и со чл. 55 ст. 2 од УРМ кој вели дека „Републиката обезбедува еднаква правна положба на сите субјекти на пазарот.“
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
2.  За оваа ретко истражувана, а суштинска, проблематика на при(х)ватизацијата, која овозможи она што беше „сечие и ничие“ (општествениот капитал) да стане приватна сопственост само на неколкумина моќници, и за тоа како тоа се одрази во очите на работничката класа – види ја и студијата на д-р Илија Ацески: Општеството и човекот во транзицијата (Македонскиот случај); Екопрес, Скопје, 1995.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Костадиновска, која е добро информирана за своите работнички права, одлучно истакнува дека и во иднина, без двоумење, би тужела доколку ѝ биде повредено некое законски гарантирано право од работен однос.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Примерот на Костадиновска јасно покажува како може да биде пружан континуиран и систематски отпор на своеволието на одредени работодавци – во однос на исплаќањето на платите, придонесите и испратнините, под услов работниците да покажат волја, храброст и упорност во остварувањето на, со закон, загарантираните работнички права.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но дури и до приватната доцентура морал доста да чека, и допрва во 1801, кога имал над триесет години, по препорака од својот пријател, тогаш веќе познатиот филозоф Шелинг, станал приватен доцент на универзитетот во Јена.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)