стане (гл.) - пријатен (прид.)

Крсте ѝ стана пријатен од првото погледнување, но зошто и како, не сакаше и не можеше да знае.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тој широко се отворил, станал пријатен за разговор, љубезен – со еден збор, ја минал вечерта многу пријатно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А тука, крај Егејското Mope веќе горештините престанаа, комарците се поизретчија, а ноќите станаа пријатни, што на Сталчето не му се одеше од лето во зима, од топло во студ.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Шампањското му наметнало расположение кон разни екстравагантности, а имено: тој решил да не оди уште дома, туку да намине кај една познаничка, Каролина Ивановна, дама, чинам со германско потекло, спрема која тој чувствувал апсолутно пријателски односи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)