стане (гл.) - работнички (прид.)

Беше повеќе од јасно: козарите не станаа работничка класа. Големите идеали на партијата и градителите на социјализмот беа изневерени.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Од малку нешто прочитаното за историјата на работничкото движење, од малкуте книги во својот кабинет, се обидуваше малку од малку да разбере како можат селаните веднаш да станат работничка класа, и тоа од обични козари, овчари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козарите мораа, во блиска перспектива, да станат работничка класа! Така беше согледано и наредено од најодозгора.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Козарите не ги напуштија козите, не станаа работничка класа, но израснаа нивните деца, иднината на земјата. А да не беа козите?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Старова просто и речиси наивно ја раскажува сторијата на козарите кои во согласност со директивата на Партијата треба да станат работничка класа и така конечно да се уништи непријателот!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие не се согласуваат да станат работничка класа и градители без нивните кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во тој свет на маалото имаше населено, пред војната и по војната, луѓе од сите страни на Балканот, но и надвор од него: Македонци, Албанци, меѓу нив муслимани, католици и православни, познати како Шкрети, Турци, Срби, Ерменци, Грци, Бугари, Власи, Хрвати, Босанци, Роми, дури по некое руско семејство и други, сите поврзани со заедничката грижа на опстанокот на семејствата, како да ги нахранат децата во гладните времиња, принудени во едно време да чуваат кози, да се здружат со козите на козарите, повикани од режимот од планинските села, да станат работничка класа, но набргу козите од други причини им беа одземени од козарите и ликвидирани, а козарите не станаа никогаш работничка класа каква што ја замислуваа архитектите на новото комунистичко општество.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)