стане (гл.) - среќен (прид.)

Со одговорот не може да се погреши: се стремат кон среќа, сакаат да станат среќни и да останат такви.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш, татко ти Добре, најдобриот човек на светот, ќе стане најсреќниот и ќе се изнасмее во солзи – радосници!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Имав слободен ден од работа. Станав среќна и весела. Беше убав сончев ден.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
И најмногу се тормозат со своите прашања околу смислата на животот оние кои во тој стремеж кон среќата, најмалку успеале да ја достигнат.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А Огнот стана среќен... конечно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А фашистот Ернст фон Саломон вели: „Не се бориме за народот да стане среќен, туку да го натераме на неговата судбинска линија”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)