стане (гл.) - многу (прил.)

Врските наши со Бугарите станаа многу тесни со општа положба во Турција: ние бевме браќа по својата судбина и бевме во еднакви односи кон владата и фанариотското духовенство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пиеја и пееја и така нашето купе стана многу бучно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Уште од првиот момент кога ја видов мајка му ми стана многу симпатична.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега веќе разговорот требаше да стане многу стручен, но за среќа, во моментот од земјанката излезе Србин. Прв.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Течејќи од изворчето низ годините Водата откина од Огнот мали пламенчиња и стана многу весело, патот на Водата светеше од двете страни.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Наредбата за малтретирање на долгокоси тинејџери, барем така претпоставуваше Александар, престана да важи, па претепувањата станаа многу ретки.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Мајка ми се замисли и стана многу сериозна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Хај-Фај или Лоу-Фај, тој секако губи. Ж: Но како и да е, нашата игра продолжи уште во неколку круга додека на крај пријателчето се обиде да стане многу паметно. 116 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Се обиде да ме надигра мене и мојата метода.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Непознатите, кои ни станаа многу блиски, платија и излегоа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Кога ја виде Ане таква слаба, згрчена, расплакана и навалена врз тротоарот, на Дора одеднаш ѝ стана многу жал, па и покрај тоа што беа скарани, отиде да ја праша зошто плаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
А кога резултатот станал многу очигледен, барем за него ако не и за другите, Иван Степанович решил да го реализира она што никој дотогаш не го поврзуваше со неговото име; побрзал да го оневозможи идното споредување на неговиот син со друга жива личност надвор од семејството.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Којзнае колкава била изненденоста па и уплашеноста на Иван Степанович кога во очите на својот толку очекуван син наеднаш го открил погледот на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Козакот станал многу попретпазлив кога слушнал од татко ти оти и тој е од Новодеревјановское.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едноставно избегнал да ѝ го спомене името на својата убавица.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И не прескока година. Ми стана многу жал дека го повредив јаболкничето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така, врвеле коли и ја испресекле лепешката и ние од една лепешка сме станале многу лепешки, многу гомна... Сите ги видов овдека и сите исто смрдиме. 71
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)