стане (гл.) - некако (прил.)

Но Марко Проказник се изменил и им се доближил со брчките на своите години: Стана некако лесно и го стегна олабавениот колан.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Светнале испиените лицулиња, станале некако чудно неспокојни, многу сериозни, чиниш умни, убави, никогаш поличен не бил стројот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Небото беше сето растворено во таа сивина, станато некако изгаснато модро, без ниедна ѕвезда и скоро исчезнато, само со една половинка изгасната месечина, ниска, бела и разјадена од сивината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)